Сервис

Традиција. Квалитет. Професионалност

Компјутерска дијагностика

Техничкиот кадар на ИЗУМ 94 се одликува со висока професионалност стекната низ долгогодишна обука и посетување на меѓународни семинари. Во комбинација со нашиот нов сервисен центар во Идризово, изграден и опремен наменски со најсовремена технологија за дијагностицирање и поправка на камиони и сите типови на комерцијални возила, лоциран за да Ви овозможи лесен пристап, магацинот кој располага со широк асортиман на оригинални резервни делови, имплементираните стандарди за квалитет признаени и сертифицирани од австрискиот TUV, се гаранција за максимална продуктивност и задоволство на нашите клиенти, гаранција која низ годините го етаблира ИЗУМ 94 како лидер во својата област во Македонија.

Изум 94 - Сервисни простории
Изум 94 - Сервисни простории

Во нашиот сервис извршуваме:

  • Промена на масло и филтри,
  • Поправка на систем за кочење,
  • Поправка на предница,
  • Поправка на систем за ослонување (поправка и промена на федер, промена на торзиони осовини, промена на амортизери),
  • Поправка на менувач, кардан и диференцијал,
  • Промена на сет за кумплунг(корпа/ламела/друк лагер),
  • Поправка на систем за разладување,
  • Промена на ребраст каиш и затегачи,
  • Промена на линиски каиш и затегачи,
  • Промена на турбокомпресор и поправка на систем за усис,
  • Ремонтирање на мотор,
  • Дијагностика и поправка на истем за вбризгување на гориво,
  • Дијагностика и поправка на електрична инсталација,
  • Поправка на сигнализација,
  • Лимаро-фарбарски поправки,

и се што е поврзано со поправка на Вашето возило а не е опфатено во листата.

Кај нас важи девизата, “ВОЗИЛОТО МОРА ДА ВОЗИ”.

Возилото е најпродуктивно на пат вршејќи транспорт за што и е наменето. Затоа настојуваме во најкус можен рок да ги оспособиме возилата на нашите клиенти со цел да се вратат на пат извршувајќи ги своите транспортни задачи.

 

ИЗУМ 94 – ВАШЕТО ВОЗИЛО ВО ДОБРИ РАЦЕ.

ISO-9001:2008