Резервни делови

Оригинални резервни делови    Девизата “ВОЗИЛОТО МОРА ДА ВОЗИ” во новиот сервисен центар изградивме магацин кој го снабдивме со широк асортиман на оригинални резервни делови. Со тоа го сведовме времето на чекање за резервен дел на минимум и на нашите клиенти им овозможивме брза и ефикасна поправка на возилата.

Оригинални резервни делови

Во нашиот магацин за Вашето возило во секое време можете да најдете:

  • Филтри и оригинални Urania масла.
  • Делови за кочиони системи, од диск плочки, гуртни, дискови, кочиони цилиндри, шепи, до цели сетови за репарирање на шепи.
  • Делови за поправка на предници – од пиксни, болсни, јабучици, спони, рамена, буфери за кабина и гумици за баланс штангла, до цели предни трапови.
  • Делови за поправка на систем за ослонување – од пиксни и болсни за поправка на федери и торзиони осовини до цели федери, торзиони осовини и амортизери.
  • Делови за поправка на систем за управување – од носачи на волан(карданчиња), централни и туркачки спони до серво пумпи и летви за волан.
  • Лагери за тркала, кардани, диференцијали и менувачи.
  • Сетови (корпа/ламела/др.лагер) за сите типови возила.
  • Делови за систем за разладување, термостати, црева, експанзиони садови за висок притисок, вентилатори, ладилници и усмерувачи на протокот на воздух.
  • Ребрасти, линиски, клинести каиши и затегачи за сите типови возила.
  • Турбокомпресори, интеркулери и црева за системот за усис.
  • Делови за комплетен ремонт на мотор, од клипови, карики, хилзни, клипњачи, лагери, вентили и дихтони до радилици, брегасти осовини, блокови и глави за мотор, па дури и целосни мотори, нови или ремонтирани од Изум 94.
  • Делови за систем за вбризгување, пумпи за висок притисок, дизни, инјектори, црева и цевки за висок притиок.
  • Делови за електричен систем – од разни сензори и автомати, сетови кабли за електрична инсталација до контролни модули(компјутери).
  • Делови за сигнализација – од сите видови на сијалици и прекинувачи до предни, задни, странични и габаритни светла.

Изум 94 Ви препорачува вградување на резервните делови да го извршите во нашиот сервис од стручни и обучени лица.

ISO-9001:2008