Традиција. Квалитет. Професионалност
Техничкиот кадар на ИЗУМ 94 се одликува со висока професионалност стекната низ долгогодишна обука и посетување на меѓународни семинари. Во комбинација со нашиот нов сервисен центар во Идризово, изграден и опремен наменски со најсовремена технологија за дијагностицирање и поправка на камиони и сите типови на комерцијални возила, лоциран за да Ви овозможи лесен пристап, магацинот кој располага со широк асортиман на оригинални резервни делови, имплементираните стандарди за квалитет признаени и сертифицирани од австрискиот TUV, се гаранција за максимална продуктивност и задоволство на нашите клиенти, гаранција која низ годините го етаблира ИЗУМ 94 како лидер во својата област во Македонија.
Во нашиот сервис извршуваме:
- Промена на масло и филтри,
- Поправка на систем за кочење,
- Поправка на предница,
- Поправка на систем за ослонување (поправка и промена на федер, промена на торзиони осовини, промена на амортизери),
- Поправка на менувач, кардан и диференцијал,
- Промена на сет за кумплунг(корпа/ламела/друк лагер),
- Поправка на систем за разладување,
- Промена на ребраст каиш и затегачи,
- Промена на линиски каиш и затегачи,
- Промена на турбокомпресор и поправка на систем за усис,
- Ремонтирање на мотор,
- Дијагностика и поправка на истем за вбризгување на гориво,
- Дијагностика и поправка на електрична инсталација,
- Поправка на сигнализација,
- Лимаро-фарбарски поправки,
и се што е поврзано со поправка на Вашето возило а не е опфатено во листата.
Кај нас важи девизата, “ВОЗИЛОТО МОРА ДА ВОЗИ”.
Возилото е најпродуктивно на пат вршејќи транспорт за што и е наменето. Затоа настојуваме во најкус можен рок да ги оспособиме возилата на нашите клиенти со цел да се вратат на пат извршувајќи ги своите транспортни задачи.
ИЗУМ 94 – ВАШЕТО ВОЗИЛО ВО ДОБРИ РАЦЕ.