Почнувајќи од 1994 година континуирано ја остваруваме препознатливата слика на квалитетна и стручна компанија во областа на сервисирање на камиони и сите типови на комерцијални возила.
ИЗУМ 94 има утврдено политика за квалитет заради обезбедување на производите и услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат во согласност со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.
Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои ИЗУМ 94 ја мери и одредува својата вкупна успешност.
Да би се постигнале, одржале и зајакнале тие вредности, ние:
- вработуваме стручни и амбициозни луѓе кои ќе имаат можности и обврска постојано да се развиваат и усовршуваат
- набавуваме најсовремени опрема, инфраструктура и окружување за пријатна работа
- негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
- на клиентите им се нудиме оптимални и целосни решенија
- реализираме решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на клиентот
- Соработуваме и отворени сме кон сите заинтересирани страни
- Ја применуваме и подобруваме ефикасноста на системот за управување со квалитет ISO 9001:2008 и тежнееме кон надминување на висината на тие барања.